Роботика и вештачка интелигенција – создавање и креирање

Иднината не доаѓа сама.

Ние ја создаваме.

Во мај стартуваат групи во INNO-BOT ACADEMY.

Место каде децата не се само корисници на технологија, туку учат како да размислуваат, да создаваат и да оставаат трага.

Ова не е класичен STEM пристап.

Не одиме само по формули и задачи.

Одиме подлабоко – како знаењето да се примени,

како идеја да стане решение, како технологијата да има вистинска вредност.

Програмата е поставена по меѓународни стандарди, со јасна структура и континуитет.

Тоа значи дека секое дете не учи „случајно“,

туку гради знаење што се надградува и останува.

Фокусот не е само на учење…

туку на одржливо знаење:

да разбере, а не само да запамети;

да создаде, а не само да користи;

да размислува, а не само да следи.

Децата постепено влегуваат во светот на:

логика и алгоритамско размислување;

програмирање (Python);

роботика и работа со сензори;

вештачка интелигенција;

развој на идеи и нивна реална примена.

Работиме во мали групи, со внимание за секој клиент. Секој напредува со свое темпо, но со јасна насока.

Имаме групи според возраст:

7–11 години – преку игра, љубопитност и основи;

12–13 години – откривање и први проекти;

14–15 години – логика, кодирање и системско размислување;

16–18 години – AI и решенија за реални проблеми.

Програма која нуди и развива решенија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *